Два пожара во Батинци: Изгореа патничко возило и багер

На 23 септември 2024 година, во 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во селото Батинци, скопско, избувнал пожар во патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.М. (24) од Батинци. Возилото било паркирано пред неговата куќа, а пожарот бил изгаснат од сопственикот и неговиот татко. За среќа, повредени лица нема, а увидот е извршен.

Во истото време било пријавено и дека во Батинци избувнал пожар во работна машина багер, сопственост на Д.А. (56) од Батинци. И овој пожар бил изгаснат од сопственикот, без пријавени повреди. Увидот на лице место е извршен.

Треба да знаете
Последни објави