Инцидент во клуб: Сакаше да ја снима Шакира под фустанот додека танцува

Еден маж од публиката во клуб во Мајами се обидел да ја снима Шакира под фустанот додека таа танцувала на сцената. Откако го забележала и го предупредила, не наишла на разбирање, па реагирала дури и пред обезбедувањето да интервенира.

Налутена и разочарана, Шакира се симнала од сцената, прекинувајќи го настапот. Инцидентот предизвика силни реакции од нејзините фанови, кои го осудија однесувањето на мажот.

„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива да танцува на својата песна“, и „Ова е повеќе од одвратно, виновникот треба да биде уапсен“ се само некои од коментарите на нејзините обожаватели, кои целосно ја поддржаа нејзината одлука да си замине од сцената.

Треба да знаете
Последни објави