Митревски: Oчекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката

Ракометниот голман Никола Митревски, го најави дуелот против Фуксе Берлин во рамки на Лигата на шампионите.

„Засега подготовките одат во најдобар ред. Го очекуваме вицешампионот на Германија, една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар“, рече Никола Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин се игра во салата „Боро Чурлевски“ во среда од 20:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави