Град Скопје: Зачудувачки е како само неколкумина синдикалци не добиле плата

Од Град Скопје реагираат на денешното соопштение од Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор СПАЈС при Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, поврзано со ненавремената исплата на платите во јавното претпријатие.

„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата. Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати. Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија. Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат“, велат од Градот, веројатно мислејќи да соопштат дека се исплатени августовските, а не септемвриските плати.

Треба да знаете
Последни објави