Додека расте цената на горивата сè поскапува, но по намалувањето никогаш не се враќаат во нормала

Кога поскапуваат горивата, обично се поскапува, но кога нивната цена ќе се намали, тој тренд не го следи никој.

Анализата на цените на дизел горивото во последните 2 години покажуваат дека во моментов имаме втора најниска цена откако во мај лани, литар дизел се продавал за 66,5 денари.

До септември лани, цената скокнала за нешто под 50% до ниво од 87 денари.

Највисоката цена на дизелот во последните 2 години била на 13 октомври 2022 година кога литар дизел се продавал по 103,5 денари.

До овој момент, поради намалената цена на горивата не се намалуваат цените на производите за широка потрошувачка, ниту пак цените на транспортот.

Треба да знаете
Последни објави