Ѓоковиќ: Во иднината ми се најважни две работи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на првиот меч од Дејвис Купот за Србија против Грција изјави дека име две работи кои го тераат се уште да игра на највисоко ниво, а тоа е играњето и претставувањето на Србија, како и грен слем турнирите.

– Отсега натаму, во тенисот ме интересираат само две работи. Веќе не бркам пласман на АТП листата, ниту пак учесто на завршниот Мастерс турнир. Тоа повеќе не ми е цел и морам да бидам искрен. Ако се прашувам јас, кариерата на другите турнири ми е завршена. Дали ќе играм и каде ќе игра не можам да знам.Имам само два приоритети. Тоа се играњето за репрезентацијата и грен слем турнирите, се останато е помалку важно. Сега ми е потребен еден добар физички, емотивен и ментален одмор, а потоа ќе одлучам што, како, кога и уште колку – изјави Новак.

Треба да знаете
Последни објави