Падна првиот снег и во Хрватска: вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави

Утрово, во Хрватска, на Платка, падна првиот снег годинава.

Во остатокот од утрото снегот ќе продолжи да паѓа на Платка, а можеби ќе бидат завеани и највисоките делови на Радешево, пишува „Истрамет“.

Во сила е портокалово предупредување – опасно време за целиот Јадран, а остатокот од Хрватска е под жолто предупредување – потенцијално опасно време и поради обилните врнежи од дожд, издадени се предупредувања за можни поројни поплави на Јадранот, соопштија од Државниот хидрометеоролошки завод.

Поради минувањето на циклонот Борис, Европа се подготвува за најтешките поплави во последните децении, објави ХРТ.

Според прогнозите на чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји во следните четири дена може да наврнат и до 400 литри дожд на квадратен метар, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.

Треба да знаете
Последни објави