Нов скандал: Радев ја прими Давкова без македонско знаме

Нов протоколарен скандал на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Денес на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев Давкова беше примена во неговиот кабинет, но таму немаше истакнато македонско државно знаме.

Како што се гледа на фотографиите, при приемот истакнати се само знамињата на Бугарија и ЕУ.

Македонско знаме макар и малечко нема ниту на работната маса каде се одржал состанокот.

Ова е невиден скандал и досега незабележана пракса.

Во минатото македонските државници и во Софија и во секој друг град биле дочекувани со македонски знамиња, така беше и при последната посета на екс премиерот Зоран Заев.

Сепак, овој пат не тоа беше случај со посетата на Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави