Коалицијата Вреди: Објавуваме нови сознанија за криминалот на Европскиот фронт и ДУИ

Интегрален текст од соопштение на коалиција Вреди:

Денес стартуваме со серија прес конференции со кои на јавноста ќе и предочиме информации кои се основано сомневање за сторена политичка корупција, во режија на истакнати кадри на таканаречениот Европски Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села.

Станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и Артан Груби како непосреден извршител на сите сценарија за политичка корупција.

На оваа прес конференција ќе објавиме информации за тендерите кои ги добила фамилијарно поврзаната фирма со пратеникот на Европскиот Фронт, Елми Азири, кој беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети.

Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири.

Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна Лотарија каде директор беше Прпарим Бајрами, десна рака на Артан Груби.

Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема,  графички и ТВ станици за извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.

Вкупната вредност само на овие две набавки преку Државна Лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари.

Напоменуваме дека ова се информации само од една институција.

Овие скандалозни информации се директна потврда дека ДУИ владеел како криминална организација во чија мрежа се фаќале оние кои политиката ја доживуваат како можност за лично и богатење на нивните фамилии.

Забележете ја иронијата!

Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети кои преку ден лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле токму од бизниси со коцкарници.

Претседателот на огранокот во Боговиње, Сафет Мифтари е уапсен за организирање криминално коцкање преку интернет, фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири, добивала тендери од Државна Лотарија.

Едвај чекаме Европскиот Фронт конечно да излезе на мегдан со своето членство. Многу не интересира кога ќе им објаснат дека илјадници луѓе ги оставија без решен професионален статус, за да предизборно ги уценуваат за гласови, додека нивните функционери грабале се што ќе им дошло до рака.

Следува одговорност, правдата ќе ги стигне сите кои се огрешиле пред законите.

Треба да знаете
Последни објави