Водовод известува: Повеќе улици од Карпош викендов ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека во недела (15.09.2024) поради замена на два затворачи од Ф-150мм и Ф-200мм на ул.Бледски договор раскрскица со Карпошево востание во населба Карпош 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Бледски договор (потегот од Карпошево востание до Бул.Илинден), дел од ул.Карпошево востание, Драгиша Мишовиќ, Трифун Пановски, Роберт Кох и Воена Болница.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави