Отворена истрага за даночно затајување и перење пари: Извршени претреси на повеќе локации

Текст: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет врз основа на сознанија од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за јавни приходи (УЈП), поради сомневање за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, вклучувајќи „даночно затајување“ (чл. 279), „даночна измама“ (чл. 279-а) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл. 273 од Кривичниот законик).

По барање на јавниот обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на домови и други простории на повеќе локации во неколку градови. Полициски службеници, службени лица од УЈП и истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК обезбедија голем број документи и електронски записи кои ќе бидат предмет на анализа за обезбедување материјални докази. Претресите се уште се во тек, а јавноста ќе биде информирана за сите детали што нема да ја нарушат истрагата, која е тајна согласно законот.

Треба да знаете
Последни објави