Внимание: Граѓаните се согласуваат со одземање возачки за користење телефон при возење

Речиси сите скопјани испрашани во анкетата „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ се за строги казни за користењето на мобилен телефон при возење, бидејќи тие го одземаат вниманието од патот.

„Одземање на возачките треба“ беше јасна една испитаничка, а друга објасни дека поради користењето на телефони се случуваат сообраќајни несреќи и побара построги закони и построго спроведување.

На прашањето „Дали паметните телефони нѐ прават попаметни или пак поглуп(ав)и, позависни и поосамени?“ граѓаните одговорија: „Зависи кој како, ако си паметен за да те направи попаметен, ќе те направи“, „Позависни, поосамени, попрости“, „Поосамени, зависни, се најлошо“…

Анкетата „Внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните го предизвикува артистот Дениз Абдула, во продукција на „Трн.мк“.

Треба да знаете
Последни објави