УХМР: Врнежите и грмежите ќе продолжат и во наредните денови

Дождот и денеска направи проблеми во функционирањето на Скопје. Граѓаните велат дека кога има поголеми врнежи секогаш Скопје е под вода.

„Секогаш кога врне, секогаш има вакви поплави на пример, под подзвозници, улици каде што не се привлекуав водата во канализацијата бидејќи е запушена.“

„Да не само тука и по другите улици има од канализација тече. Ископале една канализација и сега приклучуваат, згради куќи тоа е превише. Не бе све вода кај ќе се помине.“

„Најнормална појава, стално се случува. Се случува зошто не се чистат улиците се запушува канализацијата.“

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите ќе продолжат и следните денови.

Во четврток ќе имаме стабилизирање ма времето додека од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи изолирана појава на дожд и грмежи ќе има и во сабота меѓутоа тогаш ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата во следните денови. Така што температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Вакво посвежо време се очекува од недела и натаму во текот на идната седмица.

Поројни дождови деновиве имаше и во неколку балкански земји.

Треба да знаете
Последни објави