Турската полиција застрела Грк на граничен премин- со автомобил направил хаос (ВИДЕО)

Маж од Грција денеска е застрелан во судир со турската полиција на грчко-турската граница.

Според локалните медиуми, Гркот со голема брзина влетал на граничниот премин Ипсала. На видеото се гледа дека тој најпрвин намерно налетал на мотоциклист кој бил паркиран покрај патот и продолжил понатаму без да внимава. Возачот потоа наводно се упатил кон турските полицајци кои пукале во него.

Прототема наведува дека бил застрелан во ногата и пренесен во болница.

Очигледно се работи за маж кој имал проблеми од психолошка природа.

За инцидентот бил информиран грчкиот конзул во Адрианопол.

Треба да знаете
Последни објави