Мајка отишла да пазари додека синот го оставила синот во автомобил: Детето нашло пиштол и си пукало во глава

Осумгодишно момче од Јута почина откако случајно се застрела со наполнет пиштол оставен во автомобил додека неговата мајка пазарела.

Момчето било само во автомобил во Лехи, Јута во понеделникот кога нашол наполнет пиштол под седиштето и се случила трагедија.

Момчето случајно си пукало во глава, брзо било пренесено во болница, но за жал починало. Полицијата откри дека против мајката не е покренато обвинение, но истрагата за пукањето се уште е во тек, пишува Sky News.

Престрелката се случила пред продавницата Маверик.

Извесен Даг Шилдс полнел гориво кога слушнал истрел, проследен со женски крик. Истрчал до автомобилот и видел вознемирена мајка која му рекла дека детето се застрелало.

Државата Јута нема закони кои бараат огнено оружје без надзор да се чува на одредени начини.

Треба да знаете
Последни објави