Кина до ЕУ: Бидете објективни и фер за прашањето за кинеско-филипинскиот спор во Јужното Кинеско Море

Кина ја повика Европската унија да биде „објективна и фер“ и внимателна со зборови и постапки во врска со кинеско-филипинскиот спор во Јужното Кинеско Море, по изјавите на Унијата во врска со инцидентот викендов.

Кина е „многу незадоволна“ поради „обвинувањата“ на Европската унија против неа по ова прашање, се наведува во соопштението на кинеската мисија во ЕУ.

„Европската унија не е страна во прашањето за Јужното Кинеско Море и нема право да се огласи по тоа прашање“, се вели во соопштението.

Се наведува и дека постојаното нагласување на прашањето за слободата на пловидба од страна на ЕУ „не е од корист за интересите и меѓународниот кредибилитет на ЕУ“.

Кина и Филипините во саботата разменија обвинувања за намерно удирање бродови на крајбрежната стража во спорните вод

Треба да знаете
Последни објави