Тешка сообраќајка: Се судрија товарно возило и мопед – тројца повредени

На 22.08.2024 во 16:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(38) од с.Сопот, кумановско и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(21) од с.Романовце, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави