Момче (17) падна од 8 кат од зграда, на несреќата и претходела опасна игра за тинејџери

Тинејџер (17) синоќа нешто по 23 часот паднал од 8-ми кат од зграда на улицата Церова во белградската општина Чукарица. По укажаната помош на тешките повреди, пациентот во несвесна состојба бил пренесен на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар, јавуваат српските медиуми.

Се сомневаат дека е со тешки повреди на главата.

Се појавија информација дека кобната вечер неколку млади момчиња се качувале на зградата и играле „паркур“, скокајќи и правејќи акробации на високите згради.

Оваа игра вклучува скокање и правење акробации на високи предмети, а во овој случај, зградата од која момчето паднало.

Овој настан уште еднаш предупредува на опасностите што ги носат овие видови екстремни активности, особено кога се вршат на места каде што безбедноста е загрозена.

Треба да знаете
Последни објави