Еден ист стан го продавал на двајца, па добил кривична пријава

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот, претставувајќи се како менаџер на правно лице и лице со овластување за склучување на договор во име на правното лице, довел во заблуда лице од гостиварско на тој начин што склучиле преддоговор за купопродажба на стан во вредност од 40.000 евра, по што лицето му исплатило 25.000 евра, а кој стан претходо го продал на друго лице.

Треба да знаете
Последни објави