Авион се урна во близина на училиште: невообичаена несреќа во Сиднеј

Лесен авион, во кој имало две лица, се урна во близина на основно училиште во предградие на Сиднеј веднаш по полетувањето.

Авионот се урна во дрвја во паркот Босли, на западниот дел на Сиднеј, во четвртокот околу 14:30 часот по локално време.

Брзата помош излегла на лице место и утврдила дека во незгодата само со полесни повреди се здобиле 37-годишен маж и 34-годишна жена.

Тие одбиле да бидат префрлени во болница.

Според властите, авионот полетал во 14 часот и 23 минути и се урнал пет минути подоцна.

Во тек е истрага за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави