МВР: Извршителите на вчерашното убиство се со криминално досие

Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата“, велат од МВР за ТВ21, за вчерашното убиството на паркингот кај ,, Мавровка”

Од МВР додаваат дека лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие.

Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје информираше и дека спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице.

Треба да знаете
Последни објави