Ѓорческа не го помина првото квалификациско коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, не успеа да го мине првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД, иако даде силен отпор против Аргентинката Хулија Риера која е 71 места подобро рангирана од Лина на ВТА листата.

Риера победи со 7-6, 6-3 после 1 час и 36 минути игра.

Ѓорческа почна одлично, поведе со 4-1 во првиот сет, а имаше и предност од 5-3 и гејм на свој сервис. Но, деветтиот гејм го загуби без да освои поен, а на крај во овој сет одлучуваше тајбрејкот во кој Риера беше подобра со 7-4.

Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно да го загуби сетот со 3-6, и тука да заврши нејзиниот пат во квалификациите на последниот гренслем турнир годинава.

Треба да знаете
Последни објави