СЗО: Мајмунските сипаници не се нов ковид и може да се спречат

„Мајмунската сипаница (спокс) „не е нов ковид бидејќи властите јасно знаат како да го контролираат нивното ширење“, изјави водечкиот експерт на Светската здравствена организација, пишува Би-би-си.

И покрај вистинската загриженост за новата варијанта на вирусот и глобалниот аларм, регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге им рече на новинарите дека со заеднички напори е можно, но и неопходно да се справиме со мајмунските сипаници.

Одлучна акција сега, вклучително и обезбедување вакцините да стигнат до областите каде што се најпотребни, може да го запре новиот циклус на паника и запоставување.

Минатата недела во Шведска е потврден случај на инфекција со нова варијанта Клед Иб, а е поврзан со ширењето на болеста во Африка. Мајмунските сипаници предизвикаа смрт на најмалку 450 луѓе во Демократска Република Конго, што е поврзано со варијантата Клед Иб.

Експертите тврдат дека се уште многу не се знае за новата варијанта, но дека таа може полесно да се шири и да предизвика посериозна болест.

Друга варијанта на Clade II беше одговорна за ширењето на болеста во 2022 година, која првично ја зафати Европа, а продолжува да се појавува во многу делови од светот.

Но, експертите знаат како да го контролираат mpox без оглед на неговата варијанта: недискриминаторска акција за јавно здравје и фер пристап до вакцини, тврди Клуге.

Вирусот, кој предизвикува треска и осип, се шири со контакт со кожа која има лезии, вклучително и сексуален однос. Клуге рече дека ризикот за општата популација е низок.

„Дали ќе влеземе во целосно исклучување во европскиот регион на СЗО, дали е нов ковид-19? Одговорот е јасен: не“, рече тој.

Портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ изјави дека СЗО не препорачува употреба на маски.

„Ние не препорачуваме ниту масовна вакцинација. Препорачуваме употреба на вакцини во областите на ширење (на болеста) за најзагрозените групи“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави