(Видео) Гори во кругот на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечера на социјалните мрежи објави дека руски сили запалиле оган во просториите на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски вели и дека сегашното ниво на радијација е во нормални граници, но се додека Русите го контролираат тој дел, постои опасност од ескалација.

Од друга страна, руското раководство во нуклеарната централа Запорожје соопшти дека спасувачи работат на гаснење на пожарот и оти оганот не влијаел врз централата и нејзината безбедност.

Евгениј Балицки, руско официјално лице во Запорожје, ја обвини Украина за избувнување на пожарот, гранатирајќи го околниот град Енергодар.

Треба да знаете
Последни објави