Несреќа во Хрватска, загинаа двајца морнари, еден е тешко повреден

Несреќа со случила денеска на бродот „Ластово“ во Мал Лошињ, во Хрватска. Според неофицијални информации, паднала влезната рампа на траектот „Ластово“, при што биле заробени тројца морнари на „Јадролинија“.

Според неофицијални информации, загинале двајца морнари, а еден е тешко повреден.

Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но несреќните морнари не можеле да се спасат.

Станува збор за траект кој во 16 часот требало да исплови кон Задар.

Треба да знаете
Последни објави