Граѓани се жалат на загаден воздух и повикуваат на протест во Гази Баба

Жители на скопската населба Автокоманда во општина Гази Баба на социјалните мрежи изрзуваат револт поради енормно загадување на воздухот што се случува среде лето.

Дел од граѓаните повикуваат и на протест поради како што велат неажурноста на локалната самоуправа во решавање на овој проблем.

Според сведоштва на граѓаните во групата Автокоманда на Фејсбук, станува збор за загадување од некоја од фабриките што се наоѓа во комплексот „Рудници и Железарници“.

Треба да знаете
Последни објави