Тешка сообраќајна несреќа на локалниот пат Јакимово – Истибања, загина едно лице

Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од с.Истибања, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Р.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Треба да знаете
Последни објави