ВМРО-ДПМНЕ против смената на Гаши

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер, одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега превземаа итни и неодлoжни мерки.Сега има кривични пријавиа во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих.
Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десеттици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во владата на ДУИ и СДС.


Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого.
Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнесе јасна порака дека никој не е над законот.


ВМРО-ДПМНЕ осудува и ќе осудува секогаш било какви дејствија надвор од законот и кои го нарушуваат редот, допрва ќе се уверуваат сите дека законите ќе важат подеднакво за сите.

Треба да знаете
Последни објави