ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме СДСМ да се концентрира и консолидира

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Очигледно е дека за неврохирургот на кланот Заеви, претседателот на СДС Венко Филипче, светот изгледа сосема поинакво кога се гледа од луксузните одморалишта во Грција.

Малиот Спасов, пак, авторот на овие бесмислици платени од кланот Заеви, исто како што го лажеше Шилегов дека ќе победи на локалните избори, продолжува во ист манир да го лаже и Филипче. Тие со своите лаги и манипулации се причина зошто Македонија беше доведена на раб на економска и социјална пропаст.

Ги повикуваме СДС да се концентрираат, да се консолидираат и да престанат со плитки соопштенија и прес-конференции. Државата е во тешка состојба и тие ја донесоа до ова дереџе. Само со разумен и систематски пристап може да се излезе од оваа криза: економска, социјална и вредносна.

ВМРО-ДПМНЕ има план и визија и допрва доаѓаат промените кои освен што ќе донесат нови проекти и реформи, ќе донесат и одговорност за овие забегани и одлепени од реалноста политичари, кои мислат дека со лежење на плажа и со соопштенија се води политика.

На народот му е јасно сѐ. ВМРО-ДПМНЕ е тука да работи за доброто на сите граѓани и да ја води државата кон стабилност и просперитет. Вистинските промени доаѓаат, и тие ќе донесат подобар живот за сите граѓани, за разлика од пропаднатите политики на СДС.

Имаме впечаток дека соопштенијата во СДС ги пишуваат двајца различни луѓе. Едниот – од телефон оптегнат на плажа во Грција со нозете во вода и другиот – од некоја кафана заседнат на целодневна пијанка, исто од телефон. Соопштенијата се неодговорни, плитки, необмислени и без никаква поента.

Наместо да гледаат како тие да пораснат од катастрофалните и историски најниски 180 илјади гласови, без компас седнале да пишуваат соопштение кое освен што е нелогично, покажува и продолжување на навредувачкиот и потценувачки однос кон граѓаните. Било која партија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ и да сака за 40 дена власт не може да изгуби гласови. Но, исто така, СДС треба да си проверат колку од тие 180 илјади гласови што ги имаа на последниве избори им останаа, затоа што нашите штабови и штабовите на коалициониот партнер од ЗНАМ се преполни од разочарани СДСовци, што ни дава за право како што точно кажавме дека СДС ќе има катастрофален пораз на парламентарните избори пред 2 месеци, да кажеме дека СДС ќе биде поблиску до 100 илјади гласови отколку до 180 на следните локални избори.

Затоа нека се вразумат и нека сфатат дека таквите плитки соопштенија не поминуваат. На народот му требаат проекти, подобар живот и ред.

Треба да знаете
Последни објави