Мицкоски: Имаме информации дека ДУИ есенва подготвува дестабилизација!

Имаме информации добиени од повеќе канали дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со цел да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека се очекува есенва да дојде до тоа.

Мицкоски на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер, Аљбин Курти, рече дека ДУИ претставува закана по мирот и стабилноста на државатa.

„Како влада имаме целосно право да ги браниме територијалниот суверенитет, интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Врз основа на тие информации што ги имаме очекуваме тоа да се случи оваа есен“, изјави Мицкоски.

На крајот, вели тој, времето ќе покаже дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни.

Треба да знаете
Последни објави