Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа, зафатена од војна, енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.

Еден ден откако СЗО објави дека е голема веројатноста да има случаи на детска парализа кај населението во Газа, директорот на таа организација изрази загриженост на платформата Х за цената на конфликтот меѓу Израел и Хамас по човечки животи, пренесува Reuters.

Тој посочи дека присуството на полиовирусот во Газа зборува за ужасните услови со кои се соочува тамошното население.

Треба да знаете
Последни објави