Познат идентитетот на првата жртва во пожарите во земјава

Вчера во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и с.Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73). Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави