Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи

Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи.

„Ми претставува  чест и привилегија да ја извршувам функцијата  заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни”, рече заменик министерот Исени.

Исто така, заменик министерот истакна дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции. Ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања.  Кабинетот на заменик министерот е уверен  дека со раководењето  на г. Исени, Министерството за внатрешни работи ќе напредува во исполнувањето на својата мисија за обезбедување безбедна средина за сите.

Треба да знаете
Последни објави