Филипче: Згрешивме со измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг со новинри порача дека СДСМ згрешиле со измените на Кривичниот законик.

Тој додаде дека во Владата има подготвен нов Кривичен законик и ја повика актуелната влада истиот да го стави на увид на јавноста.

,,Згрешивме со измените на Кривичниот законик, но ние имаме подготвено нов законик кој е во Владата и апелирам Владата да отвори јавна расправа по однос на овој предлог закон” рече Филипче.

Филипче на брифингот се осврна и на 30 дена власт на ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи дека новата влада имала многу лош старт и најави нова стратегија на дејствување на опозициската СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави