Трамп: Камала Харис ќе биде полесна за пораз

Во телефонски разговор со CNN неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави повлекувањето од претседателската трката, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како „далеку најлошиот претседател во историјата на нашата земја“.

Иако не е јасно кој ќе биде кандидатот на демократите, Трамп рече дека смета дека потпретседателката Камала Харис ќе биде полесна за пораз од Бајден.

Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата.

Демократите треба официјално да ја потврдат Харис на националната конвенција закажана за 19 до 22 август.

Треба да знаете
Последни објави