Две починати лица пронајдени вчера во Скопје – еден е најден на клупа

На 21.07.2024 во 06:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на Судска медицина за обдукција.

Исто така, на 21.07.2024 во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави