Oд вчерашните 30, активни се 9 пожари

Вчера на отворен простор имаше 30 пожари на територијата на Македонија, а од нив утрово активни се 9.

-Под целосна контрола ставени се шест пожари, а за 15 изгаснати пожари постои можност од нивно повторно активирање – изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Приоритет во гаснењето ставен е на пожарите во Општина Чашка, каде се веќе упатени два хеликоптери, во Македонски Брод каде поради густ чад утрово не можеше да делува армискиот хеликоптер, во Кавадарци кај селото Фариш гаснат два ер-трактори на ДЗС и во Општина Градско, кај Криволак повторно се развива голем пожар по линија од 10 километри

Треба да знаете
Последни објави