ЦУК со детали за активните пожари

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп известиле дека пожарот во атарот на с.Небрегово (општина Долнени) што започна на ден 18.07.2024 година во 18.59 часот се движи во правец на с.Небрегово и с.Присад, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума.

Ангажирани се 17 пожарникари со 3 теренски и 2 ПП возила – цистерни. Испратена е и екипа од 3 вработени во Национални Шуми – Прилеп. Ангажирана е и градежна машина од рудникот „Фимар Балкан“ за создавање на заштитен појас во с.Небрегово. Од ЕЛС Долнени побарана е воздухопловна поддршка.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот над с.Баделен на планината Огражден се активирал на едно жариште кон с.Стиник на коешто дејствувал романски авион со еден налет. Но, тоа не било доволно, па се очекува повторно дејство од воздух како не би се проширил кон с.Стиник. На терен е тим од 3 пожарникари со 1 теренско возило, 2 вработени од ЈП „национални шуми“ со 1 теренско возило и од МВР има тим од 3 полицајци со 1 возило (Општина Ново Село).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека ЈКП „Брегалница“ од Делчево известило дека пожарот на градската депонија што започна на ден 14.07. 2024 година е се уште активен, односно дека тлее – гори во внатрешноста на депонијата. Во текот на вчерашниот ден 5 вработени од ЈКП, со 2 машини и 1 камион вршеа затрупување на истата. На теренот има стражарска служба на ЈКП (Општина .Делчево).

Пожарот кој избувна над село Селце и Драгоево е активен на два крака. На потегот помегу село Селце и село Пухче и на граница со приватното ловиште пожарот е активен. На Во гаснење на пожарот денес интервеираа ТППЕ Штип со 22 пожарникари со 3 ПП возила, екипа од ТППЕ Кочани со 2 пожарникара и 1 ПП возило, 24 припадници на Армијата, 10 членови на ловно друштво „Лисец“ Штип со 2 возила, 6 градежни машини, „Оф роад“ друштво „Астибо Штип“ со 3 возила и 9 членови, 6 од месното население, 2 вработени во ЈПНШ ШС Серта Штип, 1 претставни код ЦУК со 1 теренско возило, екипа од ИМП Штип и екипа од ЦКРСМ Штип. Правени се пресеци со градежните машини, сечени се дрвја што се надвиснуваат и можат да го пренесат пожарот понатаму и е вршено активно гасење на пожарот на пристапен терен. Вчера од утрово на пожарот е интервенирано од воздух со 3 хеликоптери во времетраење од 6 часа поради непристапноста на теренот за да влезат пожарникари. На потегот над село Драгоево исто така забележано е големо димење и е пратена екипа на ТППЕ Штип од 3 пожарникари и 10 војници на АРСМ за да провери и доколку треба да интервенира. На терен преку ноќта останаа жители од селата Селце и Пухче и екипа од ловно друштво со 1 теренско возило. Пожарот е се уште активен.

Треба да знаете
Последни објави