МНР со демант на СДСМ: Министерот Муцунски не беше придружуван од сопругата во Вашингтон

Иако постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга, се вели во демантот на МНР по соопштението на СДСМ во кое партијата прашува дали Муцунски бил со сопругата во Вашингтон.

-Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација. Уште еднаш напоменуваме дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ се целосна лага и невистина, се вели во нивната реакција.

Треба да знаете
Последни објави