Жител на село Сирково си ги изгорел рацете и едната нога: Повреден жител во гаснењето на пожарите

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е повреден жител на село Сирково, Росоман додека гаснел пожар.

„Повреден жител на с.Сирково, Росоман, при гаснење на пожарот се здобил со изгореници на рацете и едната нога“, информираат од ЦУК.

Лицето е препратено на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.

Пожарот кај Сирково избувна во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави