(Фото) Чад се крева и од Водно, близу Скопје

Бел чад се издига од планината Водно близу Скопје како што се гледа на фотографијата што пред малку стигна до редакцијата на 24инфо.мк.

Засега нема информации колку е овој пожар опасен.

Последниве денови во Македонија беснеат пожари на различни локации, а најсериозни се оние кај Неготино и Битола.

Македонските пожарникари ги гасат пожарите од земја и од небо, а на помош се дојдени воздухоплови и екипи од Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора…

Треба да знаете
Последни објави