(ФОТО) Повторно се активираа пожарите над Битола

Иако беше кажано дека по интервенцијата на петте „ер-трактори“ пожарот над Битола е целосно ставен под контрола, попладнево повторно се активираа пожари на неколку локации над градот, објави Слободен печат.

„Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на Територијалната противпожарна единица, постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот. Паралелно се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот“, информираат од Општинскиот кризен штаб.

Доцна попладнево, неколку “ер-трактори” стигнаа во Битола и се вклучија во гаснењето на пожарот кој поради силниот ветер се префрли на другата страна од планината кон месноста викана „Снегово“.

Треба да знаете
Последни објави