МВР со официјални информации за пронајдениот тешко ранет бизнисмен, кој подоцна почина

На 15.07.2024 во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од Скопје.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и на местото бил пронајден пиштол „Црвена застава“ и чаура.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Од Обвинителството посочуваат дека работат на расветлување на случајот.

„Известен е јавен обвинител и издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот. Прибрани се сите траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се испита случајот.“ – велат од ОЈО.

Засега, нема официјални информации дали се работи за убиство или самоубиство. Од СДСМ пак преку соопштение го квалификуваа како убиство ова е петто нерасчистено убиство откако во МВР седна Панче Тошковски.

Треба да знаете
Последни објави