Мајката се вратила од работа и ги затекнала децата во базен: Постариот син, влегол дома и рекол дека бебето не дише

Страшната трагедија која се случила вчера околу 17 часот, кога во базенот во дворот се удавила едногодишната Д.А, од Змајево, ги остави во шок мештаните на тоа село во општина Врбас.

Неофицијално, мајката Ц.К.(31) се вратила од работа околу 16 часот и ги затекнала синот(7) и ќерката(3), како се бањаат во гумен базен длабок 25 сантиметри во дворот, додека едногодишната Д.А се бањала во кадичка покрај влезната врата на куќата.

Одеднаш, како што рекла, околу 17 часот дошол синот во куќата и рекол дека бебето влегло во базенот и дека не диши.

Девојчето веднаш е превезено во Општата болница во Врбас, но за жал и немало спас.

Треба да знаете
Последни објави