Гости се затруле со храна во ресторан во населба Петровец

Четири лица побарале лекарска помош откако синоќа вечерале во ресторан во скопската населба Петровец. Случајот е пријавен во Агенцијата за храна и ветеринарство како и до Центарот за јавно здравје Скопје.

„Имаме пријава и во процес сме на прибирање податоци дали тоа е вистинската причина бидејќи имаме присуство на вируси, кои можат да предизвикаат иста симптоматологија како труење со храна, односно повраќање, температура, дијареа, главоболка, па мора да се види од каде доаѓа“, рече Лулзиме Бајрами, епидемиолог.

Поради труење со храна, 10 дена е затворен еден ресторан за брза храна во населбата Аеродром, откако 14 лица побараа лекарска помош, а неколку дена претходно беше затворена уште еден друг ресторан за брза храна во Влае. Лекарите и понатаму препорачуваат да се конзумира лесна храна и да се внимава на хигиената.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека покрај планираните контроли се вршат и вонредни контроли како резултат на пријави од граѓани и правни лица. Од таму предупредуваат на засилени контроли во прехранбената индустрија.

Треба да знаете
Последни објави