Конвенцијата на републиканците почнува во услови на тензични последици од нападот врз Трамп

Американската Републиканска партија денеска ја почнува својата национална конвенција, отворајќи го патот Доналд Трамп да биде официјално потврден како кандидат на партијата за претседателските избори во ноември, само неколку дена по обидот за атентат врз него, јави ДПА.

Трамп, кој се очекува да биде номиниран од партиските делегати, треба да го именува и својот кандидат за потпретседател на настанот во градот Милвоки во американската сојузна држава Висконсин.

Четиридневната конвенција, или РНЦ, доаѓа само два дена откако пукањето на митинг на кампањата на Трамп предизвика шок во САД, само неколку месеци пред Трамп да се соочи со актуелниот претседател демократот Џо Бајден на 5 ноември.

Треба да знаете
Последни објави