Голем пожар над Битола – има повредени двајца пожарникари

Пожар попладнево изби над обиколницата во Битола.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана координација со градоначалникот се зголемуваат.

Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.

Според информациите на дел од медиумите има двајца пожарникари кои се повредени.

Треба да знаете
Последни објави