(Видео) Полициски хеликоптер исфрли над 35 тони вода врз пожарот на планината Серта

Денеска (15.07.2024), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици  продолжи да дејствува врз пожар што е се уште  активен на планината Серта.

Хеликоптерот во 23 налети исфрли над 35 тони вода, а се дејствуваше во атарот на с. Калањево, општина Неготино.

Треба да знаете
Последни објави