Малолетник со автомобил прегази мотоциклист во Велес

МВР информира дека вчера во 17.50 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул. „Партизанска“ во с. Иванковци, Велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од малолетник и мотоцикл управуван од Ѓ.Д.(33), двајцата од с. Иванковци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница – Велес.

Треба да знаете
Последни објави