Search

Албанецот кој ги навредуваше Македонците: Ако навредив некого извинете

Албанскиот играч за врска Мирљинд Дику, роден во Гњилане, ги навредуваше Македонците скандирајќи во мегафон по ремито 2:2 на неговата репрезентација против Хрватска на Европското првенство во Германија.

„Да ги е**м Македонците“, викаше 26-годишниот Даку, моментално фудбалер на Рубин од Казан.

Свесен дека по овој гест може да биде казнет, ​​Даку се обиде да ја расчисти работата на Инстаграм и напиша нешто што личи на извинување.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржуваа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции чувствувате и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без граници“. Ако навредив некого по мечот со Хрватска, барам прошка“, напиша на Даку.

Се очекува реакцијата на УЕФА за срамната реакција на албанските фудбалери. Следниот натпревар Албанците го играат против Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави